Ова се многу меки и вкусни кифлички. Доколку сакате може да ги полните со фил од сирење и јајце.

Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме лажиче шеќер, лажиче брашно и квасец. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, вода, масло и јајце. Промешуваме и постепено се додава брашно. Замесуваме мазно, средно тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Потоа го делиме на 20 топчиња. Секое топче го расукуваме во мало кориче. Правиме засеци, па виткаме дијагонално и формираме венче. Вака подготвени ги ставаме во плех. Ги покриваме и оставаме на топло 30 минути.
4. Ги печеме во рерна околу 25 минути. Од кога се испечени ги премачкуваме со растопен путер.
Оставаме да отстојат 5 минути во плехот, па ги вадиме на кујнска решетка да се изладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани