Во тава на оган ставте го ситно исецканото пилешко месо и додајте го маслиновото масло и сол по потреба и оставте го да се испржи.Потоа додајте го ситно исецканиот лук,ситно исецканиот млад кромид,печурките,златната мешавина, соја сосот и мелениот бибер.Промешајте ги сите заедно и оставте уште 2-3 мин да се пропоржат сите заедно.Откако ќе се пропоржат додајте ја водата и оставте да зоврие па кога ќе зоврие додајте го оризот и оставте да се приготвува 20-25 мин, но промешајте 4-5 пати.Потоа со вилушка изматете ги двете јајца и додајте ги во врелиот ориз и промешајте да се соединат.Сервирајте уште додека е врел, па изрендајте врз него малку кашкавал и посипете го со ситно исечкан млад кромид.Добар апетит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани