Одлична летна торта, лесно се прави, а уште полесно се јаде. Вистински киндер сладолед вкус, радост и за малите и за големите. Дури се мислам и за роденденот на син ми да ја направам - толку е добра.
Припремата не е сложена, дури е и забавна, барем јас уживав, а ми беа потребни околу 40 минути.

Подготовка:

1. Прво се прави подлогата, се мелат бисквитите и се додава шеќерот и ладното млеко, а чоколадото се растопува заедно со путерот и се додаваат кон другите состојки. Се меша убаво и смесата се растапкува во кружен или долгнавест калап, обложен со најлонска фолија. Се става во фрижидер.

2. За кремовите, се мати хоплата, убаво пенесто и се додава кондензираното млеко, се продолжува со матење, додека не се добие убав крем. Се дели на 2 дела, во едниот се додава ванилиниот екстракт и се меша, а во другиот растопеното чоколадо и какаото и се мати со миксерот.

3. За ганаш, се загрева хоплата и се става чоколадото, се меша убаво и се процедува низ цедалка.

4. Подлогата се вади од фрижидер и со помош на лажица се става прво од едниот фил, па од другиот, се нанесува од ганашот, се дур не се потрошат и кремовите и ганашот (види слики). Се става во замрзнувач, да се замрзне убаво неколку часа. Потоа се вади од калапот, се отстранува лесно најлонската фолија и тортата е спремна за консумирање.

Може да се чува во замрзнувач, а може и во фрижидер.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови