Се матат прво белките со шеќерот, потоа се додаваат жолчките, медот, маслото и на крај сувите состојки.
На намрсен плех со маргарин се распоредува смесата и се печи во загреана рерна на 180 степени 7-8мин зависи од рерната.
Се мати слатката павлака и кога ќе се зацврсти се додава шеќерот, млекото и растопениот желатин малку по малку матејки со миксерот(предходно киснет 10мин во 20мл ладна вода).
Тестото се сечи на половина, се премачкува со филот. Се остава 15тина мин и одозгора над филот се става другата половина од тестото.
Се премачкува со глазура.
Се остава убаво да се излади (3-4часа)пред да се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови