Подготовка

1. Пиперките претходно исчистени од семките ги печиме и ги лупиме. Потоа со раце ги киниме по должина на тенки долги парчиња.

2. Ги ставаме во шерпа и ги пржиме додека им испари водата, па го додаваме маслото и пржиме со непрекинато мешање како за ајвар.

3. Триесет минути пред крај ги додаваме шеќерот и солта. Солта е по вкус, но препорачливо е да се додава постепено, плус или минус од предложеното, а сепак на крај да е само колку да ја сузбие блажината од шеќерот, а не да биди солено.

4. По 10на минути се додава киселината и се проверува соленоста. И околу 10 минути пред крајот се додава лукот и магдоносот. Исто така состојките се по вкус и желба, но секако треба да ги има, бидејќи убавиот шмек на пиперките е заслужен од нив.

5. Се пржи уште најмалку 10 минути, па ако треба и некоја минута плус, зависно од состојките, изгледот и течностите. Се собираат во жешки тегли кои одма се затвораат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови