Подготовка:

1. Подготовка на бисквитот- Мелените бадеми, сечканите ореви и растопениот путер соединете ги и префрлете ги во калап, на отварање, со дијаметар од 18 см, претходно обложен со хартија за печење. Со помош на лажица, притискајќи, измазнете ги рамномерно низ дното од калапот. Потоа ставете го калапот во фрижидер пола час да излади бисквитот.
2. Подготовка на кремот- Ставете го желатинот во ладна вода, да омекне десетина минути. Во тава на оган додадете ги сечканото чоколадо, еритритолот и неутралната павлака, додека не се растопат, па тргнете ги од оган и додадете го омекнатиот желатин и сечканите бадеми. Со помош на спатула размешајте го кремот.
3. Редење- Кремот нанесете го врз изладениот бисквит и вратете го калапот во фрижидер да се лади, околу 4 часа пред да го послужите чизкејкот. Декорирајте со сечкани бадеми пред да го послужите.

За торта со дијаметар од 24 см слободно дуплирајте ја дозата.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани