1. Прво жолто тесто
- 5-те јајца и 5-те лажици шеќер се матат со миксер, се додаваат 5 лажици брашно. Потоа измешаните состојки се печат на 180 степени-25 минути, на подмачкан плех од шпорет со зејтин.
Со истите состојки се пече уште едно такво тесто.
2. Тесто со ореви
- Исто како и за првите две теста така и за третото тесто од ореви. Сите состојки ќе ги измешаме и ќе ги испечеме на исто толку степени и на исто толку минути колку што ги печевме и првите две теста.
3. Прелив
- Состојките од преливот ги ставаме во тенџере и ги вариме додека чоколадото и шеќерот не се стопат. Со тој прелив ги посипуваме жолтите теста.
4. Фил
- Маргаринот и прах шеќерот ги ставаме во длабок сад и ги матиме, жолчките и шеќерот се матат на пареа додека не станат кремави, млекото и пудинзите се варат додека не се добие потребната густина. Во длабокиот сад со претходно измешаните маргарин и шеќер ги додаваме жолчките и шекерот кои беа на пареа и млекото и пудингот кои ги варевме. Откако јајцата и пудингот ќе се оладат ги соединуваме сите состојки.
5. Тестата ги сечеме на два еднакви дела, во послужавник за торта ставаме жолто тесто и истото го преливаме со претходно направениот прелив, над жолтото тесто мачкаме фил, потоа ставаме тесто од ореви, па го мачкаме со фил и повторно ставаме жолто тесто кое го поливаме со преливот така што тестото убаво да упие од истиот, врз него ставаме фил и на горниод дел на тортата се става хопла или шлаг.
По желба за декорација може на горниот дел на тортата да се стави сезонско овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови