Подготовка:

1. Путерот изматете го заедно со шеќерот во прав. Додадете ja павлаката и кратко изматете за состојките да се спојат. Додадете мелената плазма, добро измешајте ги состојките. Тргнете на страна.

2. Во друг сад изматете го шлагот со млекото.

3. На чинија за торта ставете ја првата кора. Напрскајте со чоколадно млеко, па премачкајте со половина од првиот фил со плазма. Врз него наредете половина од замрзнатите малини и благо втиснете ги во филот. Премачкајте со третина од вториот фил (шлаг). Врз тоа ставете ја втората кора, напрскајте со чоколадно млеко, премачкајте со другата половина од првиот фил со плазма, ставете ја и другата половина од замрзнати малини. Премачкајте со втората третина од шлагот. Одозгора ставете ја третата кора и неа попрскајте ја со чоколадно млеко. Премачкајте ја целата торта со останатиот шлаг (втор фил). Украсете по желба.

Ставете ја тортата да отстои неколку часа во фрижидер па послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани