Брз и лесен за подготовка кекс.
Најпрво ги биеме јајцата заедно си шеќерот се додека не се стопи.
Потоа го додаваме маслото, пецивото, содата и на крај брашното.
Миксерот го намалуваме на најмалата брзина и постепено ја додаваме водата.
Го исклучуваме миксерот и ги додаваме јаболката и слаткото.
Сега промешуваме со лажица. Сместа е погуста (нека не ве буни). Јаболката ќе си пуштат вода и смесата ќе си дојди убава како за кекс. На крај ги додаваме и оревите и се убаво промешуваме. Тестото го истураме во намрсен тркалезен калап и печиме прво на 190 степени околу 15 минути, потоа намалуваме на 170 и печиме уште 30 минути. Најубаво ќе знаете дали е печено кога ќе боцнете со чечкалица во кексот.
Оставете да се излади и наросете обилно се шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови