Во вангличка ги ставаме жолчките, шеќерот, ванилата и матиме додека смесата не побели.
Потоа додаваме растопен и изладен путер, јогурт и пирето од тиква.
Со шпатула ја соединуваме смесата.
Сега ги матиме белките во шам па и нив ги додаваме на претходната смеса.
Потоа внимателно ги додаваме просеаното брашно, пециво, сол, мешавинната на зачини за медењаци.
Соединуваме.
Смесата ја истураме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 35 минути на 180 с.
Сепак проверуваме дали колачот е печен.
За тоа време на тивок оган ја загреваме слатката павлака, па го додаваме чоколадото.
Мешаме до изедначување на состојките.
Го оставаме на решетка кексот да се излади, па го прелеваме со глазурата.
Сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани