Јајцата и шеќерот ги биеме со миксер. Се додава млекото, маслото, брашното, пецивото и ванилата и се убаво се меша и се печи.

Во меѓувреме го подготвуваме шербетот.
Ги ставаме шеќерот и водата на оган да зовриат. Ги рендаме 2 замрзнати портокали. Кога кексот ќе се испеце го сечиме повеќе од половина, го кршиме кексот ги додаваме ренданите портокали, шербетот и 10-те лажици од мармаладот и убаво мешаме. Оваа смеа ја ставаме на останатата половина од кексот.
Чоколадото го топиме на пареа и го ставаме одгоре над кексот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови