Во вангличка ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилата и матиме додека смесата не побели.
Со исклучен миксер ги додаваме маслото, јогуртот, соединетите брашно, гриз, орев, цимет и пециво.
Додаваме рендано јаболко и праска.
Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса.
Ја истураме смесата во правоаголна ростер тава која претходно танко е премачкана со масло и посолена со брашно.
Печиме околу 30 минути на 180 с.
Сепак со чепкалка проверуваме колачот дали е печен.
Оставаме на решетка да се излади, па го декорираме со растопено чоколадо
Сечеме на парчиња и сервираме со поладневно кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани