Многу убав летен колач од кајсии, сочен и вкусен.
Јајцата изматете ги со шеќер и со 1 кесичка ванила, додајте јогурт, маргарин, пециво и се промешајте да добиете една смеса за колач.
Од кајсиите извадете ги семките.
Во тепсија постелете мрсна хартија и истурете смеса за колач.
Врз тестото наредете ги половинките кајсии.
Ставете го колачот да се пече на 180 степени околу 30-40 минути.
На готовиот колач наросете шеќер во прав.
Послужете со топче сладолед.
Добар апетит!