Во тенџере се става водата да зоврие. Кога ќе зоврие се сипува брашното на површината на водата и со дрвена лажица или сукало се прават неколку дупки во брашното. Во дупчињата се сипува малку сол. Се вари околу 45 минути на среден огин.
По 45 минути се исипува водата во некој сад и се мати брашното со сукало. Постепено се додава вода дури целото брашно не стане хомогено односно нема веќе суво брашно.
Качамакот се става со лажица во поголема тава и се попарува со врело масло. Лесно се притиска со лажица врз качамакот се става сито исецканото месо кое од како сме го насолиле го печеме на скара.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани