Едно кафе кое во време на есента ќе ве згрее и ќе ве направи среќни, е лате од тиква. Најчесто децата го купуваат во овој период, но кога го нема во продажба, а го сакаат, мама знае да го спреми дома.

Подготовка:

1. Ја варам тиквата на пареа, па ја пасирам со малку вода и млеко.
2. Ги додавам сите зачини и го матам убаво да се соедини. На крај пуштам едно долго еспресо и ги помешувам. Ако тиквата е слатка скратете на шеќерот. Мене ова ми е премногу благо. Јас би намалила скрос на шеќер, но децата така го сакаат. Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови