На путер се пржи кромидот сечен на полу месечинки, се додава стекот сечен на коцки, лукот и каранфилчињата и се запржува убаво па се додава вода колку да покрие и се вари на тивко 20мин. Откако ќе испари водата се вадат каранфилчињата и се додава доматното пире, карито, мускатното оревче, бибер, сол, слаткото од смокви и лимонот сечен на коцки со кора.
Се запружува убаво па се додава една чаша вода и се вари усте 10 мин. Се вади лимонот и се додава павлаката.
Една чаша ориз се вари во две чаши вода со пола лажиче куркума. Кога ќе се свари оризот се додаваат сувото грозје, бадемите и оревите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови