Во тенџере на оган се ставаат шеќерот и водата и се остава да врие при што поврмено се промешува (минимално). Пред шеќерот да ја промени бојата се додава путерот и повторно се промешува. Откако шеќерот ќе покафени (треба да се внимава да не изгори шеќерот затоа што карамелот ќе горчи) се додава слатката павлака, се меша додека целосно се раствори. Откако ќе се тргне од оган се додава солта и се остава да се олади и згусти малку, потоа се прибира. Карамелот ќе се здрви целосно, но пред употреба може да се втечни во микробранова.
Солта му дава прекрасен и балансиран вкус на карамелот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови