Спањакот се обарува процедува и сече на ситно
Една главица кромид ситно се сече и се пржи на масло, па се додава спањакот и се пржи додека не испари водата. Се зачинува со мелен бибер и сол и едно чешне лук. Откако ќе се испржи спањакот се додава рендан кашкавал и зденка и се промешува.
Во посебно тенџере се прави бешамел сос. На путер се пропржува брашно и се додава ладно млеко и јогурт.
Канелоните се полнат со филот од спањаќ и се редат во тава во која предходно се ставени 2-3 лажици бешамел. Откако ќе ги наредиме канелоните ги преливаме со останатиот бешамел и пола чаша вода, затвораме со фолија и печеме 20 минути на 220 степени. Ги вадиме канелоните ја тргаме фолијата и наросуваме рендан кашкавал и вракаме во рерна уште 10 мин

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови