Најпрво подгответе го пудингот спрема упатството на кесичката. Покријте го и оставете го да излади.

Со помош на жица за матење измешајте ги сите состојки по ред. Откако ќе завршете со смесата, калапите за мафини полнете ги скоро до половина со смесата за тесто. Потоа, во секое во средината ставете од изладениот пудинг(јас ставав по 2 мали лажички), па одозгора прелијте ги повторно со смесата од тестото за да се покрие, со тоа што калапите да не бидат целосно наполнети.
Јас ги правев со пудинг со вкус на чоколада, одозгора за декор ставив по еден лешник.
Загрејте ја рерната на 250 степени а откако ќе ги ставете намалете, печете на 180 степени 20-тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани