Оргиналната италијанска пјадина била направена со тесто од брашно, сол, сало и вода.Тестото исукано во мали кори се печело на земјени, глинени плочи. Но се тек на времето претрпела измени. Салото се заменило со масло или путер, водата со млеко или мешавина од вода и млеко или со кисела вода. Исто така се додава и прашак за пециво, квасец или сода бикарбона. Најчесто се филува со крем сирење, рукола и пршута, но и со други сувомеснати производи и зеленчуци.
Овој е начинот на кој ја е направив.
Во сад се става брашното, салото, солта, медот и пецивото. Со постепено додавање на водата се замесува нелепливо тесто. Тестото се префрла на набрашнета површина и убаво се меси да се добие мазно тесто. Потоа пак се става во садот, се покрива со крпа и се остава да одмори 40 мин.
Потоа од тестото се делат и размесуваат 8 топчиња. Повторно се оставаат да одморат 10 мин.
Од секое топче се развлекува кора со дијаметар од 25-26 цм. Кората да не ви биде поголема од овие димензии бидејќи ќе биде многу слаба и ќе се суши. На сликата се гледа дека е многу голема кора но не е, така само изгледа.
Корите се печат на добро загреана тефлонска тава од двете страни по 1-2 минути да се добијат темно кафеави меурчина.
Ставајте ги една над друга и покривајте ги со фолија и најлон за да омекнат.
Кога сите се готови секоја кора на една половина се мачка со крем сирење, се става една рака рукола и 2 листа пршута, а кој сака може да си стави и домати исечени на парчина. Се преклопува со другата половина и се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани