За пандишпанот најпрво стави ги белките во сад и мати со миксер па постепено додавај го шеќерот, кога ќе се добие цврста маса додавај го брашното и оревите и мешај пополека со лажица. Смесата стави ја на обложен плех и печи на средна температура.
За филот
800 мл од млекото стави го да зоврие во тенџере на оган, а другите 200 мл измешај ги со брашното како за пудинг. Жолчките и шеќерот матете ги со миксер додека не добиете пенаста маса, па потоа додадете го брашното и така измешаната смеса додадете ја во млекото на оган. мешајте непрестано додека не се добие густа смеса како пудинг, и оставете да олади. Откако ќе олади се додава маргаринот и смесата се дели на 3 еднакви дела. Во едниот се ставаат мелените ореви, во другиот белото, а во третиот дел црното чоколадо. Пандишпанот пресечете го на 3 ленти и филувајте: пандишпан-црн фил-пандишпан-бел фил-пандишпан - фил со ореви, украсете по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови