Една модификација на прекрсната Интерконтинентал торта беше избот за годинешниот роденден на славениците оваа година. Одлуката да е интерконтинентал падна затоа што поимот ми делуваше далечно, а едниот славеник беше отпатувал далеку и не успеа да стаса за прославата, а рувото е во симболика за нивните иницијали. Украсувањето, во време полноќ, стандадрдно хаха.

Се матат цврсто белките со шеќерот, потоа со лажица внимателно во еден правец се мешаат лешниците, брашното и пецивото.
Се печат 15 мин на 200 степени. Кај мене одеше 12 минути, па зависи од рерната.

Пенасто се матат жолчките со шеќерот. Се додава нишестето и 200 мл од млекото.
Остатокот млеко се загрева до вриење. Дел од тоа се додава во матените жолчки, се меша, па потоа жолчките се тураат во загреаното млеко и се вари густ крем.

По правило, кремот треба да олади, па во него да се додаде путерот, но јас често не чекам и го додавам нематен во топлиот крем и потоа мешам или миксирам за да дојди мазен крем.

Потоа се додаваат лешниците и се меша убаво да се изедначи.

Кремот се дели на 2 дела. Во едниот се додава бело, а во друфиот црно стопено чоколадо.

Се филова секој фил наизменично и најгоре се поклопува со последната, трета кора.

Тортата после се украсува со шлаг или фондан по желба.

Доколку не ја правите со фондан, над секој слој од филовите, можи по желба да премачкате тенок слој цврсто изматена растителна слатка павлака. Јас сакав, ама потоа малку ме помачи со фонданот за кој сум голем почетник за да го владеам солидно. Сепак, задоволна сум од мојата полноќна работа со украсување : )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови