Вкусна и поздрава варијанта на вафли.
1. Се матат јајцата кратко со миксер. Се додава медот, таанот, циметот, стопениот путер и изгмечената со вилушка банана. Се мати кратко.
2. Кон ова се додава млекото,овесните снегулки, брашното и пецивото. Се мати и се остава смесата да одмори околу 10 минути.
3.Се загрева апаратчето за вафли и се премачкуваат калапите. Јас со зејтин ги премачкав само еднаш, немаше потреба повеќе. Се истура од смесата за вафли во калапчињата и се печат околу 4 минути.
За кратко време добивате вкусен појадок или десерт. Можат да се комбинираат со мед, џем, јаворов сируп.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови