Оваа варијанта на фокача е посна, но исто така и
доста здрава, богата со семки и семиња, богата со
влакна за фит форма.
Најпрво квасецот со шеќерот го растворуваме во
малку млака вода. Откако ќе почне да стасува, се
додава маслиново масло и водата, па се истураат
овесните трици, интегралното брашно и белото
брашно. Сето тоа се меша со лажица за да се добие
хомогена смеса. И на крај се додаваат семките од
сончоглед и тиква, кои предходно доколку сакате
може да ги потпечете за подобар вкус, а може и
непечени семки. Со тоа се добива многу меко тесто
кое не се меси со рака туку само со лажица. Се остава
тестото да стаса 1 час. Откако ќе стаса тестото се
истура полека внимателно во правоаголен плех,
подмачкан со маслиново масло. Се распоредува
тестото рамномерно со отприлика 2 см дебелина и се
дупчи со прст насекаде по тестото. Потоа тестото го
премачкуваме со маслиново масло, па ги редиме
кругчињата зелена маслинка и шампињоните. На крај
ја посипуваме фокачата со оригано, интегрален сусам
и ленено семе.

Вака приготвеното тесто се остава да отстои уште 1 час и потоа се пече 25 минути на
темепература од 200 степени.
Испечената фокача се покрива со кујнска крпа и се остава да олади, а потоа се служи.