Еве уште еден предлог од мене за спремање на дел од вашата зимница. Покрај класичната тарана што е неизоставен дел од нашата зимница, дел од тараната јас ја правам со интегрално брашно.

Подготовка

1. Во длабок сад замесуваме тврдо компактно тесто (од брашното и јајцата), кое го делиме на неколку топчиња и го рендаме на покрупната страна од рендето врз чист чаршав. Доколку сакате може веднаш да почнете со рендањето, или пак да ги оставите топчињата малку да се подзасушат, па да ги рендате.
2. Ја оставаме тараната да се исуши, па ја собираме во платнени торбички или книжни ќеси.

Забелешка - Потребните состојки се наведени во количина „по потреба„ бидејќи тоа зависи од вас колку количински сакате да направите од оваа тарана. Како и да одлучите, ориентирајте се според следнава доза - на 100 гр Брашно се става 1 Јајце. Може доколку сакате во тестото да ставите и малку сол (но не е задолжително), секако кога ќе ја готвите ќе употребите сол. Истотака, некои домаќинки за полесно замесување на тестото, додаваат млеко (1 голема лажица на 100 гр брашно и 1 јајце), но јас не додавам.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани