Неколку пати пробував да направам вкусни кроасани и конечно успеав. Ги нареков измислени затоа што рецептот го создадов сама, всушност тој е комбинација на моето искуство и пробаните рецепти. И оди вака.....
Прво ги мешаме сувите состојќи, брашното, солта и шеќерот, па во нив ги додаваме, млекото, зејтинот и квасецот. Замесуваме средно тврдо тесто. ( еден пекар ми кажа тајна, дека како замена за машина за месење тесто во домашни услови тестото се удира тоцно 52 пати од работната површина) пробајте го ова, се добива многу мазно тесто.
Путерот/маргаринот со рака се меси со 3 лажици нишесте. Со помош на најлонска фолија, од путерот/маргаринот, се оформува коцка која се става 15 мин. во замрзнувач да се стегне.
Од тестото сукаме кора во форма на квадрат, па ладниот путер/маргарин го ставаме на средината на кората и го преклопуваме со корета од сите 4 страни, во форма на плик.
Пликот од тесто малку го расукуваме како правоаголник и двата краја од подолгата страна ги преклопуваме кон средината така што ќе ги преклопиме еден врз друг. Вака спремното тесто го оставаме во фрижидер 30 мин.
Оваа постапка на преклопување на двата краја еден врз друг ја повторуваме уште три пати, значи вкупно четири пати, со тоа што после четвртиот пат го вадиме тестото и го расукуваме во долгнавеста кора и сечеме тријаголници кои потоа ги виткаме во кроасани. Вака спремените кроасани ги редиме во тава за печење и ги оставаме да нараснат уште половина час. Ги печеме на 250 додека не заруменат.
Преубаво одат во комбинација со овчо сирење и домашен мармалад. мммм.... пријатен апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови