Овие постапалки ги направив за проодувањето на внукот од сестра.
На овој начин декорирани веќе и претходно израдував многу тазе проодени дечиња.
Постапалките секогаш ги правам од смеса за ванилици.
Потоа кога тие ќе бидат испечени горниот дел од нив се брцка во бело чоколадо, коешто е претходно растопено на пареа со 2-3 лаж. зејтин.
Се оставаат на работната маса да се стегне чоколадото.
Во преостанатото чоколадо се става малку прехрамбена боја, која доколку е во прав се раствора со малку вода, се промешува бојата со чоколадото и најдобро е садот со чоколадото да си стоив врз садот со вода за да не се стегне.
Со помош на фишек направен од мрсна хартија ( таа што е за печење) се полни со чоколадото во боја и се нанесува врз постапалките како ноктиња и може и името да се напише доколку дозволува просторот.
И на крај со фондан смесата со помош на калапчиња се вадат дали звездички или цветчиња и се завршува декорацијата.

Рецепти за ванилици 

Рецепт за фондан

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови