Најпрво се замесува тесто од наведените состојки.
Се дели на 7-8 топчиња.
Секое топче се расукува во мала коричка со која се обложува метално калапче, претходно премачкано со маргарин.
Убаво се распоредува и со вилушка се боцка на 2-3 места.
На некоја капка масло се пропржува исецканата сланина да пушти мирис, па се додаваат морковот и тиквето.
Се динста 1-2 минути.
Се трга од оган, се зачинува се додаваат павлката, јајцето и сирењето.
Со овој фил се полнат кошничките од тесто и се печат оклу 20 минути.
Внимателно се вадат од калапчињата и се сервираат.

Многу декоративни и вкусни кошнички.
( замислата ми беше наместо сирење да ставам кашкавал, но во текот на ноќта го снемало од фрижидерот, ха, ха)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани