Начин да се искористи остатокот од замрзнато шумско овошје..
Многу ароматичен и вкусен компот е ова.
Најчесто медот го додавам од кога ќе биде сварен компотот.
Може да се користи и шеќер по ваш вкус.
Денес додадов и мед од ружа, фантастичен шмек доби компотов

Во касерола на оган ставаме вода да се загрева на тивко.
Го додаваме замрзнатото шумско овошје.
Вариме 7-8 минути.
Тргаме од оган и додаваме мед
Сервираме во чаши.
Вака подготвениот компот може да се помини и со стапчест миксер и на тој начин ќе добиеме густи сок од шумско овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани