Во нашиот Кумановски крај овој зелник понекогаш го нарекуваме зелник со три завитке. Не се разликува многу од преостанатите зелници кои вешто се подготвени од страна на останатите домаќинки од МоиРецепти, но сакав да ви го презентирам и овој начин на подготовка.
Подготовка
1. На почеток го подготвуваме филот спанаќот го миеме и ситно го сецкаме и заедно со сецканиот млад кромид го пржиме. Самиот спанаќ испушта течност јас таа вода ја истурам. Во тавата сипуваме малку зејтин и смесата ја пржиме потоа ја тргаме настрана посолуваме и ги додаваме двете јајца и дробеното козјо сирење.
2. Почнуваме со замесување на тестото во садот го просејуваме брашното. На средина ставаме квасец, шеќер, зејтин и странично ја додаваме солта. Постепено ја сипуваме загреаната вода и замесуваме средно меко тесто да ни се одлепува од садот.
Од тестото сечеме три топки сите различни најголема, средна и најмала оставаме да подстаса петнаесетина минути.

Подмачкуваме тавче бр.34 и  ја земаме најголемата топка и сукаме тенка кора која ја ставаме врз тавчето.
Кората ја попрскуваме со зејтин и краевите ги мотаме истото го правиме и со втората кора.
На втората кора го ставаме филот и врз него ја ставаме третата тенко сукана кора.
Зелникот го премачкуваме со јајце и зејтин и го посипуваме со сусам печеме на 220степени околу триесет минути.
Забелешка
Филот може да биде и по ваша желба и може да не се става сусам. Одкако ќе се испече покрите го со крпа за да биде мек.Добар апетит!!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани