Тиквичката и тиквата ги лупиме и сечкаме на коцки, ги ставаме во тавата во која ќе го печеме јадењето. На масло во тава го ставаме морковот сечкан на кругови и сечканиот праз да се упржат. По омекнувањето ги додаваме печурките сечкани на листови. И нив ги упжуваме кратко, па го додаваме измиениот ориз. Кратко ја упржуваме смесата, додаваме зачини и ја распоредуваме врз тиквичките. Налеваме вода да ни се покрие целата смеса. Печеме на 200 степени. Забелешка-Бидејќи тиквата е слатка би требало малку повеќе сол во јадењето да ставите од вообичаеното