Супер едноставен и здрав рецепт за добар почеток на неделата, зелено смути. Всушност ова зелено смути, како брз и едноставен оброк кој ви дава енергија, исто така и ќе ви помогне во зајакнување на имунитетот, хидрирање на организмот и ќе ве наполни со доза витамини и минерали потребни за денот.

1. Во чашата од блендерот го ставаме
убаво измиениот и исецкан спанаќ и другите останати состојки (претходно убаво измиени, излупени, исецкани) - јаболко, банана и киви.

2. Блендираме и послужуваме веднаш. Густината регулирајте ја по ваш вкус со додавање одредена количина на вода.

Забелешка - јас додадов и 2-3 урми за дополнителна блажина на смутито, а вие како сакате.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани