Малку е да речам дека се совршени, како на изглед така и на вкус.Топло ви ги препорачувам.
Во касерола над пареа се растопува белото чоколадо. За тоа време се мелат фстаците - не солени и оревите.
Се трга на страна и се додава слатката павлака.
Убаво се промешува да се соединат. По желба се додава 1-2 лажици шеќер во прав. Одма се додаваат фстаците и оревите. Се промешшува убаво. За малку поинтензивна зелена боја, јас на врвот на ножот додадов малку зелена прехрамбена боја.
Се зема лист розен кора, се става 2 лажици фил, убаво се размачкува, повторно кора, фил, се додека се истроши материјалот.
Најгорната кора не се премачкува. Се поставува фолија и врз неа некој тежок предмет. Нека одстои така 3-4 часа. Потоа се сечи на штангли и се сервира.
Совет - садот со филот нека ви стои над тенџере со топла вода за да не се стегни многу филот, така полесно ќе може да се нанеси на корите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани