1. Марулата ја миеме, па ја сецкаме на поситни парчиња. Ја ставаме во длабок сад.

2. Го додаваме и кромидот (ситно исецкан). Ја додаваме туната, со се маслото во неа. Во овој случај јас ставив маслинки каламата, на кои претходно им ги извадив семките. Вие може да ставите било какви маслинки. На пример од зелените без семка, по вкус, сеедно е. На крај посолуваме, ставаме црн бибер, па сокот од лимон и малку оцет балсамико.

Забелешка - Оваа салата најчесто ја припремам на овој основен начин, меѓутоа можете да додадете и варено јајце, пченка, ротквици, шери домати, по желба и кубети.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани