Здраво и вкусно, брзо за подготовка, за само пола час ќе имате околу 45 крофнички за појадок на вашата трпеза.

Подготовката е следна

1. Ги миксираме кратко јајцата, ги додаваме јогуртот и зејтинот, па другите останати состојки, од кои на крај брашното и царевното брашно.
2. Соединуваме убаво и ги печеме крофничките во апарат за крофни.
3. Јас најпрво ставам сусам, па истурам од смесата и пак одозгора им ставам сусам...така ни се повкусни.

Совет - доколку немате апарат за крофнички, можете смесата да ја истурите во тавче, наросете одозгора сусам, испечете и сечете на парчиња. Послужете со чаша јогурт или кисело млеко.
Пиперките се испечени, па излупени и исецкани на ситни парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови