1. Брашното, квасецот, солта и шеќерот се замесуваат со млака вода, да се добие средно тесто. Се остава да скисни.
2. Фил – кашкавалот, саламата и печурките ситно се сецкаат. Се мешаат заедно. Во оваа смеса се додава ориганото и кечап по желба.
3. Тестото се дели на 2 дела. Од секој дел се расукува по 1 кора со дебелина од 0.5 сантиметри. Со калапче за затворени пици се прават кругови. Кругот од тесто се става во калапчето врз тестото се става 1 лажиче фил, се преклопуваат пиците и се стегнуваат со калапчето.
4. Затворените пици се редат во подмачкан плех со маргарин. Се остава да стасаат 10 минути.
5. Врз секоја затворена пица се става малку маргарин.
6. Се печат 15 минути, на почетокот на 200 степени а потоа на 180 степени.

Овие затворени пици можат да се направат и посни, така што филот ќе го направите со посен кашкавал, печурки, оригано и кечап

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани