1. Модриот патлиџан се сече на дебели 4 кришки,со салфета се подсушува, се посолува, побиберува, му се става од зачинската билка (јас користам оригано и грчка детелина)/
2.Црвениот патлиџан се сече на кругови и се реди врз модриот патлиџан.
3. Стекот се посолува со сол и вегета, се побиберува и се става врз црвениот патлицан.
4.Се премачкува со маслинов зејтин.
5. Се става во загреана рерна да се пече околу 15 минути, се вади од рерната и обилно се посипува со ренданиот кашкавал или се преклопува со тенко исечени парчиња кашкавал. Се врака назад во рерната да се пече додека да се испече добро стекот и не порумени.
Уживајте во ручекот додека е топло, а ладно ништо не му фали.
Совет- доколку стекот е голем, исечете го на парчиња колку што е големината и на кришката од модриот патлиџан. Кога пишувам за еден модар патлиџан се подразбира ако е поголем, ако е помал тогаш сигурно ке ви требаат повеке - сигурни два патлиџана. Бидејки го обозавам растопениот и подпечен кашкавал, јас ставам повеке внимавајки притоа на осолувањето, да не се пресоли стекот.
Овој рецепт е препорачан од моја пријателка на која и верувам што се однесува до храната и исхраната, морав да го спремам и да ми стане јасно за што зборува таа... и не се покајав, ова лесно за припрамање јадење со толку добар пмек...мирисот во кујната додека се пече - мораше да биде на листата во мојата кујна.
Хареста, и овде ти велам едно големо благодарам за можноста да го имам овој рецепт во омилените!
Бон Апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови