Комбинација спанаќ и суви пиперки мене лично многу ми се допадна. Па еве и овде да ја претставам, љубителите на спанаќ сигурно ќе бидат задоволни.
Спанаќот одмрзнете го и потоа малку пропаржете го со маслото и путерот. Додајте ги зачините по вкус и оставете го да олади.
Доколку користите свеж спанаќ претходно обарете го во зовриена вода, исцедете го, малку исецкајте го и продолжите по истата постака на подготовка.
Сувите пиперки обарете ги во зовриена вода да омекнат. Оладете ги исчистете ги од семките и исечете ги на мали парчиња.
Во сад со вилушка изматете ги јајцата со малку сол па додајте ги спанаќот и пиперките и измешајте.
Округлата Делимано силиконска тава (помала тава) намачкајте ја со малку путер и посипете ја со лебни трошки.
Истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека горниот дел се зацврсти.
Печениот спанаќ послужете го топол со сирење, јогурт, салата а може и како додаток на некое месо, колбаси и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани