Искинете го карфиолот на цветови и обарете го во посолена вода. Кромидот ситно исецкајте го и заедно со меленто месо запржете го во тавче со малку масло. Пред крај, додадете ги зачините и грашокот.
Во намастен огноотпорен сад за печење измешајте ги заедно карфиолот кој ќе го приразделите на уште поситни цветови и содржината со месо од тавата и порамнете одозгора.
Изрендајте го кашкавалот најгоре. Доколку сакате вмешајте кашкавал и во јадењето, не само одозгора.
Јајцата и млекото изматете ги со жица, посолете и побиберете малку и прелијте ја содржината во садот.
Печете го загреана рерна на 200 степени 15-20 мин., односно додека преливот се згусни, а кашкавалот одозгора се растопи и фати малку коричка.
Послужете го топло (не жешко да го јадите како мене =) ), но кој сака ладно исто така е убаво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани