Брзи, вкусни залчиња, одлични како топло предјадење.

Џигерчињата се чистат од жиличките и се сечат на две, по должина. Се мијат, се цедати се сушат со кујнска хартија. Малку се посолуваат.
Сувите сливи се мијат со топла вода, се сушат и бришат. Се сечат на две.
Се става на подлога парче сланина, на почетокот се става слива, па џигерче.
Се завиткува убаво стегнато во ролат и се зацврстува со чепкалка.
Така се формираат сите.
На плитка мрснотија во тефлонска тава или грил тава, се пржат прво од едната страна, па од другата страна, додека сланината порумени. Се пржат покриени со капак.
На здравје!