Зазики-ѕаѕики е салата (или сос) која по својот состав и вкус доста наликува на класичната таратур салата. Многу е вкусна и освежителна, особено кога времето е топло.

Подготовка -

1. Краставиците ги лупиме, па ги рендаме, послолуваме и ги оставаме малку да отстојат (околу пола час).
2. Потоа добро исцедете ги краставиците од течноста што ја пуштиле (со раце или со газа), па додајте ја павлаката, ситно сечканиот лук, копарот, маслиновото масло и лимоновиот сок.
3. Измешајте убаво до хомогенизирање. Оставете ја салатата во фрижидер неколку часа за мирисите и вкусовите да се соединат (или ако ви се брза послужете веднаш). Одлична е како салата или како прилог со гиро, тортиљи, на сендвич, со пилешко или свинско месо.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани