1. Во загреано тавче или грил тава на посилен оган ставете масло и запржете ги домашните колбаси од сите страни.
2. Листовите од кисела зелка исто така пропржете ги по 30-тина секунди од секоја страна. Тие ќе ја впијат целата маснотија што ја испуштиле колбасите и маслото што сте го ставиле, затоа не кратете од него.
3. На малку оладените колбаси им правиме џеб по должина (слика) и ги полниме со лук исечен на тркалца.
4. Секоје парче го виткаме во 3 листа. Над првиот лист наросуваме црн бибер, над вториот буковец (лут или благ, како сакате), а над третиот лист ставаме едно парче домашен колбас и виткаме.
5. Вака завитканите домашни колбаси ги редиме во тенџере на чие дно претходно сме ставиле еден лист од киселата зелка. Ова го правиме за да не ни загори јадењето.
6. На крај налеваме сосема малку расолница (колку една мала чашка за ракија).
7. Врз завитканите колбаси наросуваме оригано, буковец, црн бибер и распоредуваме насекаде од свинската маст (ако не сакате од неа заменете ја со путер или маргарин).
8. Тенџерето непокриено го ставаме во претходно загреана рерна на 220 степени и печеме до 1 час,односно кога ќе забележите дека зелката фатила убава темна коричка.

Јас намерно одбрав подлабок сад за печење бидејќи на овој начин течноста не испарува толку брзо,а истовремено јадењето се потпекува убаво.

Сервирајте и гарнирајте по Ваш избор

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови