Уште неколку посни денови, но тоа не значи дека не може да уживате во убава храна. Како заокружување на посните рецепти, овој пат за вас имам прекрасна посна торта и тоа без масло. И тоа како е можно да се изведе, а вкусот ... верувајте ќе бидете воодушевени. Пробајте.

1. Во подлабок сад ставете ги сите суви состојки за тестото, додадете го оцетот и водата и со лажица убаво измешајте. Смесата ја поделив на два еднакви дела и печев посебно, може да печете наеднаш па потоа да поделите. Печев во силиконската тава од Делимано, значи бр.20 .. но сепак превентивно на дното ставив и хартија за печење. Се пече во претходно загреана рерна на 220С, а кога ќе се стави се намалува на 200С. Околу 18-20мин, по кора, односно додека чепкалката не излезе сува.
2. Пченицата треба да ви биде убаво сварена и исцедена. Пудинзите сварете ги на стандарден начин само со вода и оставете да се изладат.
Пченицата се меле на машинка на најситниот отвор. Потоа во сад за матење ставете ги пченицата и пудингот и изматете да се спојат убаво. Додадете си зачини по вкус и оревите и уште еднаш изматете да се соедини.
3. Вишните исчистени заедно со сокот и шеќерот ставете ги во сад на оган да зовријат. Во дел од сокот растворете го густинот и додадете за да добиете смеса со густина на топло чоколадо (не пудинг).
Користев смрзнати вишни кои се многу покисели од оние од компот и сокот кој го пуштија додека се одмрзнуваа. Доколку користите од компот прилагодете си ја количината на шеќер по вкус.

За миксот зачини за тестото ... зрната махлеб ги истолчив до ситен прав и потоа ставив цимет, морско оревче и сосем малку мелено каранфилче. Се тоа измешано и добивате готов микс. Колку и кои зачини ќе ги ставите оставам на вас.

4. Ставете ја кората на подлога, филувајте со повеќе од половина од кремот, па ставете од вишните. Па втората кора и прекријте ја торатата со целиот фил. Со шприц направете како оквир и во средина распоредете ги останатаите вишни.
Оставете во фрижидер малку да се стегне и да се спојат вкусовите.

Добар апетит =)

*Доколку не сте расположени за печење, направете го само кремот и земете си поголема лажица =)))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани