Ова е повеќе идеа отколку рецепт, која сакам да ја споделам со вас. Моите деца беа воодушевени и ги „смачкаа“ во еден здив, едвај успеав да сликнам, па можеби ќе послужи исто така за нечија детска радост =)

Јаболката пресечете ги на половина. Најпрво со помош на остро ноже засечете ги по рабовите на половина см од кората. Колку се можи извадете дел од засечената срцевина на јаболкото, потоа доиздлабете со помош на мало метално лажиче.
Желето пригответе го спрема упатството, но ќе додадете дупло помалку вода од потребното. Така приготвено, истурете го во половинките издлабени јаболка и оставете во фрижидер (најдобро до другиот ден) да се здрви.
Исечете ги половинките јаболка на полумесечинки и уживјте во вкусот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани