Есенско, тмурно, ладно утро. Но....за добро расположение, енергија и убав почеток на денот ви требааат Нутрибулет и неколку овошја.
Аронијата ја вадиме од замрзнувач барем 30 минути порано, пред да го подготвиме смутито. Јаболкото го чистиме од семките, портокалот го чистиме од кората. Во чашата на нутрибулет ги ставме аронијата, кришките јаболка, парчињата портокал. Додаваме 100 мл вода. Соединуваме. Го распоредуваме во 2 чаши, а со додавање на вода си ја прилагодуваме густината на смутито, која ја сакаме за консумирање.