Подготовка

1. Јаболката ги миеме и чистиме. Не ги лупиме. Ги сецкаме на парчиња по желба.
2. Во плехот каде ќе печеме ставаме хартија за печење, па ја премачкуваме со путер.
3. Ги редиме јаболката на цел плех. Попрскуваме со лимонов сок.
4. Јајцата ги матиме со шеќерот и кога се добро матени додаваме млеко, а потоа брашното, ванилата и пецивото. Сувите состојки јас ги ставив во сито и ги просеав во јајцата. Ќе добиете убава смеса,кога ќе ја разделите рамномерно врз јаболките.
5. Ставете да се пече во рерна околу 25 минути, на 180 степени. Кога е готова оставете да излади, па извадете ја од хартијата.
Исечете ја на парчиња колку сакате,и посипете ја со шеќер во прав.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови