Не мора да биде комплицирано за да биде вкусно. Понекогаш едноставните работи многу знаат да изненадат.

Вистински колач проследен со чај.
Искрено прв пат правам колач каде што во тестото се става густин
Искрено најчесто го користев за подготовка на пудинг, и верувајте, толку вкусен, лесен и мек како памук.

Изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат мноогу кремасти.
Додајте ја ванилата и солта.
Пополека додавајте го маслото и миксајте.
Додајте го јогуртот и миксајте кратко.
Настрана измешајте го брашното, густинот и прашокот за печиво.
Пополека додавајте го во смесата со јајцата и матете со маталка.
Додадете ги оревите и мешајте со лажица.
Во калап за печење ставете хартија за печење (20-30) и истурете ја смесата. Можете да користите и округли калап. Ама јас го обожавам колачов во форма на коцка и затоа користав правоаголен калап.
Печете на загреана рерна од 180 околу 20мин односно додека не добие златна боја. Или направете го тестот со чепкалка.
Декорирајте со мнооогу шеќер во прав.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови