Во сад измешајте ги сувите состојки.
Во сад на пареа стопете ја чоколада исечкана на коцки. Откако ќе се стопи чоколада додадете го путерот исечкан на коцки, оставете го да се стопи.
Тргнете ја од оган и додадаете го шеќерот, мешајте да се стопи на пола, потоа додадете ги целите јајца и брзо мешајте со жица да се соедини.
Течната смеса додајте ја на садот со сувите состојки и соединете со миксер или жица за матеше.
Смесата сипете ја во плех 20х30 см. обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 25-30 мин. или додека зарумени. Внимавајте да не го препечите.
Извадете го и оставете го да се излади, може да го служите додека е млако.
Посипете прав шеќер или служете со изматена слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови