Се замесува тесто од сите состојки. Тестото треба да не се лепи на рака, да биде малку поцврсто како за леб. Правиме топчиња колку орев, но сите да бидат со иста грамажа (може да си мериме на вага ).
Потоа ги расплескуваме и ставаме по малку мармалад (каков било). и ак се формира топче, се оставаат да киснат. Ставаме тенџере до пола наполнето со вода и кога ќе зоврие ставаме по 4 - 5 кнедлички да варат точно три минути. Ги вадиме на чиста кујнска крпа.
Одозгора им ставаме растопен маргарин или путер, шеќер во прав и какао. Може и да се замрзнат само без филот.
Овој рецепт е од мојата мајка која го има научено од комшивката која е егејка (а мислам дека потекнува од Полска или Чешка ) и има многу вакви интересни рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови