За тестото одвоете ги белките и жолчките. Белките избијте ги со 100 гр. шеќер (од тие 250 гр.)
Изматете го путерот со со преостанатиот шеќер, па додавајте ги жолчките една по една, цело време матејќи. Додајте го и млекото. Брашното измешајте го со пецивото и постепено измешајте го во смесата.
На крајот постепено додавајте од белката и рачно измешајте ја смесата.
Одвоете 1/3 од неа и во неа додајте го какаото и циметот.
Во правоаголна тава, претходно премачкана со путер и набрашнета, истурете ја белата смеса. Израмнете.
Над неа со лажица поставете ја темната смеса и внимателно израмнете ја.
Одозгора ставете ги замрзнатите вишни и малку, нежно притиснете ги со рака.
Печете на 180 степени, 40-45 мин. (проверете со чепкалка) Кога ќе биде печена, пак со рака притиснете одозгора, да се изедначи површината.
За кремот, стандардно сварете го пудингот во млекото и шеќерот. Путерот избијте го и кога пудингот ќе се излади додајте го во него и убаво измиксајте. Ставете го кремот врз кексот.
Одозгора завршете со чоколадниот прелив. Стопете го чоколадото на пареа, па додајте го млекото и маслото, убаво измешајте и откако ќе го прелиете колачот ставете го во фрижидер неколку часа.
Ова е богат колач, и задоволува поголема група луѓе 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови